Американската компанија за електронска трговија „Amazon“ ќе отпушти стотици вработени, за да го насочи вниманието кон оние области од својот бизнис, кои бележат раст, пишува „CNBC“.
„Ѕeattle Times“ потенцираше дека „Amazon“ ослободува стотици вработени, додека ги консолидира своите операции со трговија на мало.
Извор запознаен со предметот, тврди дека отпуштањата се концентрирани во седиштето на „Amazon“ во Сиетл и ќе влијае на дел од вработените низ светот. Отпуштањата се во бизнисот на трговија на мало, кој ги вклучува единиците за книги, играчки и храна, на тој начин ќе се овозможи вработување на повеќе луѓе во области кои растат, како „Alexa“, „Amazon Web Services“ и дигиталната забава. Изјавата на главниот извршен директор Џеф Безос при објавувањето на последниот извештај на компанијата вклучуваше барање дека „Amazon“ ќе се насочи кон „Alexa“.
Иако „Amazon“ одржува илјадници работни места, отпуштањата се во остар контраст со значителната нејзина експанзија од последните неколку години. Таа создаде 130.000 работни места во светот во минатата година, без да ги вклучуваме речиси 90.000-те кои се додадени со купувањето на „Whole Foods“. Таа има речиси 4.000 корпоративни работни места во моментов во Сиетл и 12.000 во светот.
„Како дел од нашиот процес на годишно планирање, правиме корекција во бројот на вработените во компанијата – мали намалувања на неколку места и агресивно вработување на многу други“, изјави еден од портпаролите на „Amazon“. „Ние работиме за засегнатите вработени да се најдат места за нив во области каде што ги вработуваме“.