Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 7,711.00 -0.22%    CKB 600.00 0%    GRNT 749.26 2.64%    KMB 3,877.73 2.32%    MPT 29,000.00 3.2%    OHB 5,603.27 -0.83%    OKTA 3,582.84 3.79%    PPIV 38,450.00 -2.94%    SBT 1,901.00 -2.9%    STB 940.00 0%    STIL 125.00 0.47%    TEL 280.11 0.04%    TNB 13,150.00 0%    TPLF 1,800.00 0.03%    ZILU 167.71 1.64%    

Кураторскиот тим на МСУ во работна посета на солунските музеи

Време: 08:19

Датум: февруари 13, 2018

Категорија: КУЛТУРА

Тимот од Музејот на современа уметност Скопје беше во неколкудневна работна посета во неколку водечки институции од областа на современата уметност во Солун. Првиот човек на МСУ, в.д. директорката, Мира Гаќина, и дел од кураторски тим, меѓу кои и искусниот Зоран Петровски, имаа повеќе значајни разговори за можната соработка.

Првична средба се оствари со официјалниот домаќин, Државниот музеј на современа уметност во Солун. директорот на Музејот, Марија Цацаноглу (Maria Tsantsanoglou), изрази голем интерес за соработка со МСУ Скопје. И двата музеи се фокусирани кон современото уметничко визуелно творештво и имаат автентични и оригинални колекции кои покриваат важни периоди од светската уметност на 20 век.

„Долгите и исцрпни разговори со директорката Цацаноглу доведоа до заеднички заклучок дека и нашиот и нивниот музеј имаат капацитет и интерес да остварат конкретна соработка уште во текот на оваа година, и тоа во две конкретни области: Поттик и размена на современата уметничка сцена во Скопје и Солун и гостувачки изложби инспирирани од колекцијата на двата музеи. За изработка на оперативен план за реализација на ваква програма беше договорено следниот работен состанок да биде одржан наскоро во Скопје“, истакна в.д. директорката Гаќина.

Директорката Цацаноглу, пак, истакна дека генерално музеите можат да соработуваат и на планот на заеднички настап при конкурирање на соодветните фондови во ЕУ и други меѓународни структури.

Државниот музеј во себе обединува два ентитета специјализирани во областа на истражувањето (Центар за современи уметности) и фотографијата како медиум (Музејот на фотографија). Во Центарот за современи уметности тимот на МСУ беше запознаена со плановите на оваа истражувачка единица и беше утврдено дека постои простор за директна соработка на Центарот со МСУ Скопје во научно-истражувачката област. Договорено беше конкретната соработка да биде предмет на претстојниот работен состанок во Скопје. Во Музејот на фотографија директорот Херкулес Папајоану (Hercules Papaioannou) настапи со конкретни предлози за размена, истражување и заедничко излагање. Конкретните предлози вклучуваат учество на млади уметници на Солунскиот фестивал, размена на информации за рецентната продукција во областа на уметничката фотографија и изложбено претставување на одбрани дела и размена на каталози и публикации.

Втората важна институција со која МСУ оствари работна средба е Македонскиот музеј на современа уметност во Солун. Директорката на Музејот, Тули Мисироглу (Thouli Misirloglou), го запозна стручниот тим со особеностите на колекцијата на овој музеј, кој има сродна ориентација со МСУ Скопје. Мисироглу истакна дека основањето на солунскиот музеј е инспирирано од музејот во Скопје, како резултат на земјотресот во Солун во 1976 година, и солидарниот пристап и дека овој дел од заедничкото минато е исто така добра подлога за развивање на вистинска и плодна соработка. Можностите се големи од претставување на колекциите преку размена на скопската и солунска публика, до запознавање со рецентната сцена.

Тимот на МСУ Скопје беше примен и во администрацијата на градот Солун, од страна на заменикот-градоначалник, Ели Крисиду, одговорна за културата и уметноста во градот. Крисиду најави секаква помош за идејата за соработка на уметничката сцена од двете средини. Нагласено беше дека и градоначалникот Бутарис во развојот на современата визуелна уметност препознава важен приоритет за солунската администрација и општествениот живот во овој град, како и дека таквата ориентација ќе биде поддржана.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Премиера на театарската претстава „Чиста хероина“

    Премиера на театарската претстава „Чиста хероина“

    Премиера на театарската претстава „Чиста хероина“, според текстот „Лична Ангелина (Чувари на честа)“ на Загорка Поп-Антоска Андовска, а во режија на Ѓорѓи Ризески, ќе се…

  • „Жена ми се вика Борис“ гостува во охридскиот театар

    „Жена ми се вика Борис“ гостува во охридскиот театар

    Театар Комедија ја продолжува својата мисија на гостување низ театрите во Македонија, а овојпат, на 21 април, ќе гостува во Народен театар Охрид со хит-претставата…

  • Објавен осврт кон романот „Зад аголот“ на Томислав Османли во „Политика“

    Објавен осврт кон романот „Зад аголот“ на Томислав Османли во „Политика“

    Белградскиот весник „Политика“ во рубриката за култура објави осврт кон романот „Зад аголот“ на Томислав Османли.  Романот „Зад аголот“ во превод на српски јазик на Зоран Ж.…

  • Филмски фестивал за млади „Џифони патува во Берово“

    Филмски фестивал за млади „Џифони патува во Берово“

    На 21 и 22 април ќе се одржи филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Берово“ како патувачки дел од фестивалот „Џифони Македонија“ во помалите…

  • Билетите за „Ентер-фест“, дефинитивно, 990 денари за сите вечери

    Билетите за „Ентер-фест“, дефинитивно, 990 денари за сите вечери

    Денес, точно напладне, почна претпродажбата на билетите за петдневниот музички фестивал „Ентер-фест“, што ќе се одржи во Скопје од 29 мај до 2 јуни. Како…

  • „Бикини Мун“ на Манчевски почнува турнеја низ Македонија

    „Бикини Мун“ на Манчевски почнува турнеја низ Македонија

    Со проекциите во Штип на 20 и 25 април почнува турнејата со киноприкажување во Македонија на „Бикини Мун“, петтиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо…

  • Пролетно издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“

    Пролетно издание на филмскиот фестивал „Скопје Синема Сити“

    Овој петок и сабота, 20 и 21 април, во Кинотеката на Македонија, филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“ ќе го организира „Пролетното…

  • Недела на современиот фински филм во Кинотеката на Македонија

    Недела на современиот фински филм во Кинотеката на Македонија

    Неделата на совремниот фински филм ќе се одржи од 24 до 29 април во Кинотеката на Македонија. Селектор на филмовите е српскиот режисер Бојан Вулетиќ.…

  • Објавен трејлерот за новата македонска комедија „Година на мајмунот“ (видео)

    Објавен трејлерот за новата македонска комедија „Година на мајмунот“ (видео)

    Необичното пријателство меѓу мајмунот Коко и чуварот на Зоолошката градина, Цобе, и нивниот живот во превртениот транзициски свет се центар на дејството на „Година на…

  • На „Ентер-фест“ во Скопје ќе настапи Ера Иштрефи

    На „Ентер-фест“ во Скопје ќе настапи Ера Иштрефи

    Ера Иштрефи, новата светска атракција, неофицијално е една од учесничките на претстојниот „Ентер-фест“, кој почнува на крајот на мај во Скопје. 23-годишната Ера Иштрефи бргу…