Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,098.79 0.29%    BESK 7,738.39 -2.05%    GRNT 743.11 -1.78%    KMB 4,373.93 0.64%    MKSD 204.00 9.68%    MPT 30,016.78 0.05%    MTUR 4,100.00 -0.41%    OHB 6,498.44 0.11%    PPIV 44,500.00 0%    RMDEN16 95.50 0.42%    RZLE 14.00 0%    RZLV 44.00 0%    RZUS 124.82 -0.94%    STB 1,022.50 -0.26%    STBP 1,102.85 0.07%    STIL 132.97 3.31%    TEL 270.00 -1.46%    TNB 13,718.00 3%    TPLF 1,573.88 -1.18%    TTK 860.00 -1.23%    UNI 2,420.09 2.55%    ZILU 238.00 8.18%    

„Бикини Мун“ на Манчевски на ФЕСТ во Белград

Време: 14:05

Датум: февруари 9, 2018

Категорија: КУЛТУРА

„Бикини Мун“, петтиот филм на Милчо Манчевски, ќе има европска премиера на белградски ФЕСТ, каде што македонскиот режисер ќе биде и претседател на жирито. Филмот ќе биде прикажан и на фестивалот „Фантаспорто“ во Порто. Следниот месец, „Бикини Мун“ ќе игра и на фестивалот во Софија.

Четириесет и шестото издание на ФЕСТ почнува на 23 февруари, а ќе го отвори еден од најголемите фаворити на претстојните Оскари, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“.

Бидејќи ќе претседава со жирито, филмот на Манчевски, кој е германско-американска копродукција, ќе биде прикажан надвор од конкуренција.

„Бикини Мун“ ја имаше светската премиера на фестивалот во Сао Пауло, собирајќи големи пофалби од бразилските критичари.

Главната улога во „Бикини Мун“ ја игра Кондола Рашад, која беше трипати номинирана за бродвејската награда Тони. Нејзиниот лик Бикини Мун Дејвис е харизматична жена војник со психички проблеми, која го привлекува вниманието на документарна екипа. Тие сакаат да ја искористат нејзината приказна за сопствена слава.

Во оваа модерна бајка уште играат Сара Голдберг, Вил Јановиц и Сатја Сридхаран, а директор на фотографија е Џошуа З. Вајнстајн.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Љубовната приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина на Мајските оперски вечери

    Љубовната приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина на Мајските оперски вечери

    Љубовната приказна од Забранетиот град и егзотичната Кина, „Турандот“, ќе биде изведена денеска во рамките на 46. издание на Мајските оперски вечери. Диригент на ова…

  • Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

    Матка е добитник на наградата „Музеј на годината“

    Изложбениот центар „Матка“ е добитник на наградата „Музеј на годината“, која ја доделува ICOM (International Council of Museums) – Македонија. Наградата се доделува по повод…

  • „Година на мајмунот“ на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал

    „Година на мајмунот“ на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал

    Mакедонската комедија „Година на мајмунот“, по режија и сценарио на Владимир Блажевски, ќе се прикажува на Шангајскиот меѓународен филмски фестивал, фестивал од А-категорија, кој ќе…

  • Tеатарот „Војдан Чернодрински“ гостува на фестивал во Бугарија

    Tеатарот „Војдан Чернодрински“ гостува на фестивал во Бугарија

    Театарот „Војдан Чернодрински“ со претставата „Обѕрни се во гневот“ во режија на Kристина Димитрова на 18 мај гостува на Фестивалот на малите театарски форми во…

  • Бесплатен влез во Музејот на Македонија по повод меѓународниот Ден на музеите

    Бесплатен влез во Музејот на Македонија по повод меѓународниот Ден на музеите

    По повод меѓународниот Ден на музеите – 18 Мај, денеска влезот во Музејот на Македонија ќе биде бесплатен, а во таа пригода на посетителите ќе…

  • Културата и уметноста се моќен поттикнувач на граѓански активизам и општествени промени

    Културата и уметноста се моќен поттикнувач на граѓански активизам и општествени промени

    Дали заробените институции и украдените јавни простори се доволен поттик за да се создаде креативен отпор и протест? Кои се границите на соработка на независниот…

  • Џез импровизации со Васил Хаџиманов и Душан Јевтовиќ

    Џез импровизации со Васил Хаџиманов и Душан Јевтовиќ

    Вечерва, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, во организација на 3Гонга, скопјани ќе можат да уживаат во концертиот настап на српските…

  • „Од мој агол“ – изложба на фотографии направени од деца со аутизам

    „Од мој агол“ – изложба на фотографии направени од деца со аутизам

    Изложба на фотографии со наслов „Од мој агол“ ќе биде отворена на 18 мај во објектот Чифте амам, со почеток од 13 часот, најави Националната…

  • Започнува Неделата на италијанскиот филм

    Започнува Неделата на италијанскиот филм

    Денеска со почеток во 19 часот во киното „Милениум“ се отвора фестивалот посветен на италијанскиот филм, организиран од италијанската амбасада во Скопје. Првата проекција ќе…

  • Концерт на Фабио Барбагало вечерва во Даутпашиниот амам

    Концерт на Фабио Барбагало вечерва во Даутпашиниот амам

    Со концертот на италијанскиот гитарист Фабио Барбагало вечерва во 19.30 часот во Даутпашиниот амам, Институтот „Данте Алигиери“ во Скопје (www.ladante.mk) се вклучува во одбележувањето на роденденот на Данте…