29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar ја оживува легендата за D-Type

Jaguar ја оживува легендата за D-Type

Компанијата „Jaguar“ објави дека ќе започне ново производство на еден од најголемите симболи во нејзината историја – тркачкиот „D-Type“, кој три пати триумфираше на „24 часа Ле Ман“ (1955-1957 година).

Во 1955-та година британската марка планирала да направи 100 примероци од „D-Type“, но на крајот произведува само 75 возила. Останатите 25 требало да бидат произведени од делот „Jaguar Land Rover Classic“, а ќе се користат оригиналните спецификации од 50-тите години на минатиот век. На клиентите ќе им бидат понудени две модификации – стандардна (shortnose) и со продолжен преден дел (longnose).

Современиот „D-Type“ ќе стане третиот модел во палетата „Legends Continued“ на „Jaguar“ по купето „Ligtweight E-Type“ и роудстерот „XKSS“. Всушност, вториот претставува „граѓанска“ верзија на „D-Type“. За неговото производство во 1957-та година се планира да се користат 25 шасии, но 9 изгореле во оганот кој ја зафатил фабриката.

Токму 9 се и бројките од моделот, кои компанијата ќе ги произведува во 2017-та и 2018-та година. Другиот автомобил е „E-Type“, кој е уште поредок, бидејќи во периодот 2014-2015 година од неа се произведени 6 примероци, со што се заврши претходно изготвениот план.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП