22 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПремиера на „Исцелител“ во Кичево

Премиера на „Исцелител“ во Кичево

Филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески утре, 8 февруари, ќе биде премиерно прикажан во Кичево. Проекцијата ќе се одржи во киното во склоп на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во 20 часот.

Киното во Центарот за култура почна со работа во 2013 година со што Кичево повторно доби кино по пауза од дваесет години. Во поранешното кино „Партизан“ последниот филм беше прикажан во средината на деведесеттите.

„Исцелител“ овој викенд ја имаше својата премиера во САД на филмскиот фестивал во Санта Барбара, Калифорнија, каде трите проекции беа проследени со огромен интерес од публиката. Филмот веќе единаесетта седмица се прикажува во кината во Скопје, а досега имаше и проекции во Битола, Штип и Кочани. „Исцелител“ во кино-салите во Македонија досега го видоа повеќе од 11.000 гледачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП