4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСара Мејс со две нови песни

Сара Мејс со две нови песни

Излези од кутија…. Сѐ е прекрасно! Мејс го слика општеството со ноти

Сара Мејс повторно докажа дека креативноста ја има во безброј облици, а инспирацијата ја црпи од времето во кое живее. Овој пат, Сара објави две нови песни „Излези од кутија“ и „Сè е прекрасно“. Таа сака да даде оригинална и автентична слика на општеството на уникатен начин.

Музиката и текстот на песните е на Сара Мејс, додека аранжманот на истите е на Неврус Бајрам и Иван Петровски.

„Сè е прекрасно“ одлично се исполнува со соло изведбата на виолината на Климент Тодоровски. Тој е концерт мајстор во Македонска опера и балет и неговите ноти и даваат неверојатна димензија на песната. Во „Сè е прекрасно“ Филип Димишковски изведува пијано, Дејан Митровиќ – контрабас, Неврус Бајрам и Иван Петровски – гитари, Александар Ванчовски – тапани, Виктор Филиповски со перкусии и Калина Велковска и Теа Богатинова се придружни вокали.

„Сè е прекрасно“ може да ја чуете на:

„Излези од кутија“ е во изведба на истиот овој тим кој воедно беше дел од проектот Floating through space with Sarah Mace и овие две песни се дел од самиот албум.

„Излези од кутија“ може да се слушне на:

Сара Мејс e музичар чиј стремеж е да направи нешто ново и свежо во македонската музичка индустрија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП