Продуцентката Симона Угриновска е назначена за в.д. директорка на Македонскиот народен театар, по оставката на Драган Спасов – Дац.
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на денешната прес-конференција рече дека Угриновска ќе ја извршува функцијата до распишување на конкурсот за нов директор. Според него, процедурата би можела да трае два месеца.
Драган Спасов – Дац даде оставка по сообраќајната несреќа на 30 минатиот месец во Кисела Вода во која удри во пешак.