25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОпадна профитот на Lukoil

Опадна профитот на Lukoil

lukoilrusia1

Во првиот квартал од оваа година руската нафтена компанија „Lukoil“ оствари 32 проценти помал профит од истиот период минатата година.

Компанијата соопшти дека во првите три месеци остварила профит од 2,58 милијарди долари, во споредба со 3,79 милијарди од јануари до март минатата година.

Главната причина за падот на профитот беа негативните ефекти од курсните разлики врз динамиката на трошоците за данок на добивка, пренесува агенцијата Франс Прес.

Приходите се намалени за 4,2 проценти, на 33,77 милијарди долари, од 35,26 милијарди долари, колку што беа забележани во првиот квартал од 2012 година.

Индикаторот EBIDTA (добивката пред оданочување, камата и амортизација) е намалена за 10,7 проценти, на 4,77 милијарди долари.

Чистиот долг на крајот на првиот квартал е зголемен за 6,2 проценти на годишно ниво и достигна 3,9 милијарди долари. Капиталните расходи, вклучувајќи ги безготовинските трансакции, изнесуваа 3,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП