23 јуни, 2024
ПочетнаКУЛТУРАГрад Скопје финансиски поддржа 212 проекти од културата

Град Скопје финансиски поддржа 212 проекти од културата

Град Скопје поддржа 212 проекти од Конкурсот за финансирање манифестации и проекти со кои се остварува локалниот интерес во културата. Како што информираат оттаму, на конкурсот што беше распишан на 28 ноември минатата година пристигнале 430 комплетни апликации.

Пристигнатите апликации биле оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје, претставници од културните институции на Градот и истакнати културни работници.

„Водејќи се според критериумите и насоките наведени во објавата на конкурсот, Град Скопје поддржа 212 предлог-проекти, односно речиси 50% од пристигнатите пријави. Од поддржаните предлог-проекти по 22% им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности; 20% за визуелни уметности и уметност на нови медиуми; 16% за издавачка и библиотечна дејност и по 10% за музејска дејност и промоција на културното наследство и меѓународна соработка“, информираат од Градот.

За овој конкурс издвоени биле 16 милиони денари, а годинава за припадниците на заедниците се издвоени 28% од вкупната сума, односно 4.490.000 денари. Градот Скопје воедно воведува и нова пракса да ја доставува листата на поддржани проекти, како што велат, поради поголема транспарентност и отчетност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП