9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПлаќањето од Huawei го поддржа профитот на Nokia

Плаќањето од Huawei го поддржа профитот на Nokia

„Nokia“ објави профит повисок од очекуваната за кварталот, поткрепен со еднократното плаќање за патент од „Huawei“. Но, нејзиниот мрежен бизнис уште една година бележи пад и покрај ветувачките продажби во Северна Америка, според „Ројтерс“.

Мобилната индустрија, во која доминираат „Huawei“, „Nokia“ и шведскиот „Ericsson“, се соочува со сериозна криза во побарувачката за мрежна опрема од „4G“, додека веројатноста е дека потрошувачката на новите „5G“ мрежи ќе се случи пред 2019-та или 2020-та година.

Добивката пред камати и даноци се зголеми за 7 отсто наспроти една година порано на 1 милијарда евра, што е далеку над прогнозата на аналитичарите од 888 милиони евра, објави „Ројтерс“. Подобрените резултати ги плати „Huawei“ со 210 милиони евра. Оперативната добивка од мрежните бизниси, сепак, се намалува на 25% на годишна основа.

Главниот извршен директор Раjeв Сури коментираше дека продажбата на мрежна опрема на „Nokia“ оваа година ќе остане слаба, но потенцијалното враќање на трошоците на операторите во Северна Америка може да го ограничи падот.

„За годините 2019-та и 2020-та година, очекуваме значително подобрување на условите на пазарот, потпомогнати од целосниот внес на „5G“ мрежи“, рече Сури.

Тој тврди дека „5G“ инвестицијата може да ја надмине профитабилноста на мрежата во оваа година и предвидува оперативна маргина од 6-9% во 2018-та година и 9-12% во 2020-та година во споредба со 8,3% во 2017-та година.

Во средата „Ericsson“ ја објави својата петта последователна квартална загуба.

„Nokia“ е подобара од „Ericsson“, поради купувањето на „Alcatel-Lucent“ во 2016-та година, проширувајќи го своето портфолио и помагајќи во развојот на нови производи, вклучувајќи и широкопојасна опрема, брзи рутери и помоќни чипови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП