12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche ги зголемува своите проценки за 2018-та поради американската даночна реформа

Roche ги зголемува своите проценки за 2018-та поради американската даночна реформа

„Roche“ рече дека даночната реформа во САД ќе ја поддржи овогодинешната добивка со ублажување на влијанието на конкуренцијата врз најдобро продаваните лекови за рак на фармацевтската компанија, објави „Bloomberg“.

Бруто заработувачката по акција се очекува да расте помеѓу 7% и 9%, според компанијата со седиште во Базел, Швајцарија. За споредба, порастот за минатата година е 5% кога новите лекови го поддржаа растот на позитивниот финансиски резултат на „Roche“ до 15,34 франци по акција (16,44 долари) – под очекувањата на аналитичарите.

Сепак, растот на продажбата се очекува да се забави во 2018-та година, поради силната конкуренција во третманот на рак на крвта. „Roche“ се потпира на нови лекови за да го надомести загубениот приход. Швајцарскиот фармацевтски производител треба да ја зголеми својата добивка, а во исто време да одвои пари за да добие удел на пазарот за нови лекови.

Акциите на „Roche“ се зголеми за 0,8% на 231,25 франци во Цирих во утринските часови. Цената на акциите на фармацевтскиот гигант се намалија за околу 6% во текот на изминатите шест месеци.

Приходите во изминатата година бележат пораст од 5% на 53,3 милијарди франци (57 милијарди долари), што е во согласност со проценките на аналитичарите. Три клучни лекови се основата на растот, од кои еден, „Ocrevus“, за мултипла склероза, најверојатно, ќе биде водечки во оваа година.

„Упатствата ја одразуваат силната доверба“, рече Главниот извршен директор Северин Шоун во конференцискиот повик со новинарите. „Оваа доверба е базирана на силата на нашето портфолио и успехот на нашите нови лекови“.

Благодарение на даночната реформа во САД, даночната стапка на „Roche“ ќе се намали од 26,6 отсто во минатата година на под 20 отсто во 2018-та година, соопшти компанијата. Без влијанието на пониските даноци, основната заработка по акција ќе остане непроменета, со раст од 1% до 3% оваа година, слична на продажбата, соопшти компанијата.

„Roche“ и „Pfizer“ се меѓу победниците на промените во американските даночни закони. Реформата донесе дополнителни 11 милијарди долари за „Pfizer“ во 2017-та година. Проценките на „Roche“ покажуваат дека неговиот бонус за промена ќе биде многу пати поголем.

Швајцарската компанија ја зголеми дивидендата на 8.30 франци за удел и рече дека планира да го зголеми уште еднаш во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП