21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗBMW Series 8 се „загрева“ за претстојната премиера (фото+видео)

BMW Series 8 се „загрева“ за претстојната премиера (фото+видео)

„BMW“ објави видео снимки од завршните тестови од новото најлуксузно купе од својата гама.

Иако на почетокот на јануари на Интернет се појавија фотографии од новиот модел, но „BMW“ и натаму на снимките и фотографиите го крие изгледот на „Serieѕ 8“ со маскирна фолија.

Овој пат, германскиот производител беше во Италија, каде што предпродукциската „Seriеѕ 8“ се тестира во возење на специјална патека, при големи брзини:

„BMW Serieѕ 8 Coupe“ е базиран на истата механичка плафторма која ја користи и топ лимузината – „BMW Serieѕ 7“. Toа значи дека автомобилот ќе биде опремен со истата погонска гама, но и најнови технологии кои се достапни за најлуксузните седани на „BMW“.

Се очекува во врвот на понудата да се најде V12 мотор, а подоцна ќе се појави и спортски „М8“ кој за погон би требало да користи 4.4-литарски twin-turbo V8 агрегат.

„BMW“ најави дека „Seriеѕ 8 Coupe“ ќе има светска премиера во 2018-та, а првата веројатна локација ќе биде саемот за автомобили во Женева кој за претставниците на медиумите започнува на 6-ти март.

Автомобилот би требало во европските продажни салони да пристигне кон крајот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП