11 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМузејот на македонската борба одбележува пет години музејска едукација на учениците

Музејот на македонската борба одбележува пет години музејска едукација на учениците

Во просториите на Музејот на македонската борба денеска (30 јануари) ќе се одбележат пет години од музејската едукација во институцијата.

Како што информираат оттаму, на настанот со почеток од 12 часот ќе се промовира каталог, ќе бидат изложени и креативни творби на учениците што учествувале во едукациските проекти во Музејот, a покрај едукаторите, свое обраќање ќе имаат и соработниците на разните проекти во изминатите пет години. Специјален музички гостин ќе биде ансамблот „Македонија“.

Музејската едукација во Музејот на македонската борба почна со проектот „Музејот – пријател на децата“ во 2012 година, а во последниве пет години опфати голем број ученици од училиштата во Скопје и Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП