10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAMD добива три милијарди долари за Xbox One

AMD добива три милијарди долари за Xbox One

amd-hq

Компанијата „AMD“ ќе генерира повеќе од три милијарди долари од својот договор со „Microsoft“’ за производството на прилагодените „APU“ процесори за новата генерација на конзолата „Xbox One“

„AMD“ овојпат успеа да ги добие сите три дизајнерски работи за новите конзоли, па така ќе приходуваат многу пари. Вредноста на целата работа за конзолата „Xbox One“ ја откри Боб Фелдштајн кој порано работел во „AMD“, а сега преминал кај конкурентската „Nvidiа“.

Затоа што ова е повеќегодишен договор, „AMD“ парите ќе ги приходува во наредните пет години, а во овој момент приходот на компанијата е нешто повеќе од милијарда долари. Покрај парите од „Xbox One“, „AMD“ ќе генерира голем приход и од „Playstation 4“ и конзолата „Wii U“, што тоа би можело да има големо влијание на финасиите на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП