19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот хрватски електричен суперавтомобил пристигнува во Женева (видео)

Новиот хрватски електричен суперавтомобил пристигнува во Женева (видео)

Хрватската компанија „Rimac Automobili“ најави дека на 6-ти март на женевскиот автосаем ќе го претстави наследникот на електричнот спортски автомобил „Concept One“.

Новиот електричен хиперавтомобил моментално ја има кодната ознака „Concept Two“, a компанијата планира производство на серија од 100 возила. Само за споредба, неговиот претходник чинеше милион долари, а е изработен во осум примероци, плус две тркачки верзии со ознаката „Concept S“.

Судејќи врз основа на „тизерот“, „Concept Two“ ќе има агресивен дизајн и подобрена аеродинамика. Се очекува дека ќе има и поголем радиус на движење во однос на „Concept One“ чија автономија беше околу 340 km, но и повеќе простор во кабината.

Од „Rimac“ претходно изјавија дека новиот модел ќе биде поскап од претходникот.

Повеќе детали и фотографии од автомобилот ќе бидат достапни на 6-ти март за кога е закажана светската премиера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП