20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСветски познатиот танцов колектив Fire of Anatolia доаѓа во Скопје

Светски познатиот танцов колектив Fire of Anatolia доаѓа во Скопје

Светската атракција „Fire of Anatolia“ со нивното спектакуларно шоу кое никого не остава рамнодушен, на 12-ти март годинава доаѓа во Скопје, во Вип Арената Борис Трајковски.

„Основен концепт на проектот „Fire of Anatolia“ е спојот на цивилизациите. Тоа е танцов портрет кој дава универзални пораки за мир. Претставува светско шоу, културен празник со современи стандарди, комбинирање на фолклорни игри со балет, со современи танци и други дисциплини на танц“, информираат од „Pragma Production“.

„Fire of Anatolia“ со потекло од митолошката и културната историја на Анадолија, е уникатен проект кој содржи 3.000 танцови фигури и народна музика, кои се составени од речиси секој регион на Анадолија. Проектот кој е креиран од Мустафа Ердоган има за цел да го претстави огнот на Анадолија низ целиот свет, кој се заснова на идејата за комбинирање на концептот на мирот со културниот и историски мозаик на Анадолија илјада години наназад.

Колективот „Fire of Anatolia“ досега имал настапи на најпрестижни места низ светот, како што се Медисон Сквер Гарден, Њујорк и Чикаго театар, Палатата на Конгресот, плоштадот Берси и Трокадеро – пред Ајфеловата кула, три пати во Големата сала на Парламентот во Кина, двапати во Кремљската палата, пред пирамидите во Гиза и Цитаделата Саладин во Египет и на уште многу други атрактивни локации.

Како што соопштува организаторот на настанот, билетите за овој спектакл се пуштени во продажба и истите може да се набават на сите продажни места на „КупиКартиЗаСе“, „Пола Југотон“, Цвеќара „Розе“ – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП