19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАмериканските даночни промени имаа влијание на резултатите на Johnson & Johnson

Американските даночни промени имаа влијание на резултатите на Johnson & Johnson

Американската компанија „Johnson & Johnson“ забележа загуба во последниот квартал поради износот од 13,6 милијарди долари, што треба да се плати во врска со новиот даночен закон во САД, но ја надмина прогнозата за приспособениот профит за кварталот благодарение на високата побарувачка на нови лекови за онколошки болести и купувањето на „Actelion“, објави „Ројтерс“.

Голем број американски компании со значајни меѓународни операции мора да платат огромни суми поради американските даночни промени кои ги поттикнуваат бизнисите да ја вратат дома својата добивка.

Меѓународните операции донесоа речиси половина од вкупниот приход на „J&J“ за четвртиот квартал, кој изнесуваше 20,20 милијарди долари или 11,5 отсто повеќе од претходната година.

Повисоката продажба на онколошките лекови „Darzalex“ и „Imbruvica“, како и на лекот за псоријаза „Tremfya“, помогнаа за 17,6% раст на приходите од продажбата на лекови до 9,68 милијарди долари, објави компанијата.

Лековите со висок волумен на „Actelion“, кои беа купени од страна на „J&J“ за 30 милијарди долари во 2016-та година, претставуваат околу една четвртина од растот на фармацевтската единица.

Продажбата на одделот за козметика се зголеми за 3,1 отсто на 3,5 милијарди долари.

Нето загубата изнесуваше 10,71 милијарда долари, или 3,99 американски долари по акција, за последниот квартал, во споредба со 3,81 милијарди долари или 1,38 долари за една година претходно.

Како се исклучат некои елементи, „J&J“ има заработено по 1,74 долари по акција, малку над просечната прогноза на аналитичарите за 1,72 долари по акција според „Thomson Reuters I/B/E/S“.

„J&J“ предвидува прилагодени приходи од 8 до 8,20 долари по акција за приходи кои се движат од 80,6-81,4 милијарди долари во 2018-та година.

Просечните предвидувања на аналитичарите се за профит од 7,87 долари по акција за приходи од 80,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП