20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВалдес и Фалкао пристигнаа во Монако

Валдес и Фалкао пристигнаа во Монако

valdes-falkao

Голгетерот на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао и голманот на Барселона, Виктор Валдес наскоро ќе станат фудбалери на Монако. Според последните информации двајцата веќе пристигнаа во Монте Карло и се очекува да ги поминат задолжителните медицински прегледи, по што трансферите ќе им бидат официјално објавени.

„Кнезовите“ ќе платат за Фалкао 60 милиони евра и ќе го претворат во најскапиот фудбалер во историјата на францускиот фудбал. „Тигарот“ ќе потпише договор за 5 години, а неговата плата ќе изнесува 10 милиони евра по сезона. За Валдес клубот од Кнежевството ќе плати релативно скромна трансферна сума, бидејќи договорот на 31-годишниот голман со Барса истекува следното лето и тој станува слободен агент.

Со доаѓањето на Фалкао и Валдес сопственикот на Монако, Димитриј Риболовлев го продолжува амбициозниот план за составување на екипата која неодамна обезбеди учество во првата француска лига. Монако веќе се засили со асовите на Порто, Хамес Родригез и Жоао Моутињо за кои потрошија 70 милиони евра, а тие заинтересирани се уште и за Фабио Коентрао, Рикардо Карваљо и поранешниот нивни фудбалер Нене.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП