Меѓународна енергетска компанија „BP Plc.“ се очекува да впише во излагањето за четвртиот квартал од минатата година трошоци во износ од 1,7 милијарди долари во врска со еколошкиот инцидент на платформата „Deepwater Horizon“ во 2010-та година.
„Работата на побарувањата за надомест е речиси завршена и сега имаме подобар увид за преостанатите обврски“, се вели во соопштението на главниот финансиски директор на компанијата Брајан Гилвари, цитиран од „Bloomberg“. Според него нема да има проблем со покривање на обврските во рамките на постојната финансиска рамка на компанијата.
Износот од 1,7 милијарди долари се одзема од даноците. Таа ги опфаќа преостанати претензии за загуби во врска со инцидентот, како и други побарувања, решавање по судски пат.
Профитот на „ВР“ за четвртиот квартал е поставен под закана поради трошоците во врска со катастрофата од 2010-та година, како и поради новите промени во корпоративните даночни стапки во САД, наведува весникот „Wall Street Journal“. Претходно во јануари од компанијата најавија дека предвидуваат во врска со промените во американското законодавство сметководствени трошоци во износ од 1,5 милијарди долари.
Се очекува компанијата да објави нето добивка во износ од 2,1 милијарди долари за последниот квартал по пресметките на аналитичарите, собрани од „S & P Global Market Intelligence“. Ова ќе биде најголем квартален профит на „BP“ од 2015-та година.
Трошоците од 1,7 милијарди долари покажуваат до кој степен експлозијата на платформата во април 2010-та година продолжува да влијае врз компанијата. При инцидентот на „Deepwater Horizon“ загинаа 11 лица, а тони нафта се излеаја во Мексиканскиот залив.
Плаќањата на „ВР“ во 2018-та година, кои се поврзани со инцидентот, се очекува да бидат околу 3 милијарди долари, изјавија од компанијата.