13 октомври, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Само сенка на она што доаѓа“ – самостојна изложба на Тони Попов

„Само сенка на она што доаѓа“ – самостојна изложба на Тони Попов

На 17 јануари од 20 часот во Јавна соба ќе се одржи втората самостојна изложба на Тони Попов, со наслов „Само сенка на она што доаѓа“. Ова е серијал на слики од “Апстрактна поезија”, која е чекор надвор од комфорната зона, крик на лузните кои копнеат за исцеление, обид на смртното да ѕирне во вечноста.

Тони Попов е самоук сликар кој со сликарство се занимава од 2011 година. Неговиот талент, вештина и контемплативна креативност се забележани од љубителите на сликарството, но и од уметничките критичари уште во неговите први дела. Неговите слики досега се продадени во единаесет земји.
Покрај сликањето, Тони одржува и теоретски и практични работилници за млади сликари во Осло, Норвешка.

На изложбата во среда во Јавна соба, ќе бидат изведени дела од композиторот и виолист, Марко Виденовиќ, кој беше инспириран да напише музика за делата „Ноември“, „Се уште паметам“ и „Помина нашето лето“.

Изложбата ќе биде отворена до 16 февруари 2018.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП