26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle тајно купи британски стартап за непозната сума

Google тајно купи британски стартап за непозната сума

„Google“, дел од „Alphabet Inc.“, „тивко“ го купи британскиот стартап фокусиран на технологијата кој претвора различни површини, како што е телефонскиот дисплеј во звучници, објави „Bloomberg“.

„Redux“ развива технологија која ја елиминира потребата од достапноста на мали звучници во мобилните телефони, ослободувајќи место за батерија или други компоненти, се вели во веќе непостоечкиот сајт со седиште во Кембриџ, Велика Британија.

Не е познато кога „Alphabet Inc.“ – преку ирската подружница на „Google“ го купи „Redux“, но преносот на акции на холдинг компанијата „Redux“ на „NVF Tech Ltd.“ од американскиот технолошки гигант беше потврдено на 13-ти декември според регулаторните документи во Обединетото Кралство. Според „Crunchbase“, договорот бил извршен во август.

Портпаролот на „Google“ одби да коментира за цената на трансакцијата или за другите детали за купувањето.

Поддржан од голем број инвеститори, вклучувајќи го „Arie Capital“, „Redux“ собра 5 милиони долари во март 2017-та година и е центриран на пазари, меѓу кои се контролирањето на компјутери, мобилни телефони, автомобили и друго. Компанијата од Велика Британија поседува 178 патенти, според страницата на „LinkedIn“.

„Alphabet Inc.“ има голем број на потенцијални апликации за оваа технологија. Нејзината главна поделба започна со продажба на сопствени паметни телефони во 2016-та година, па новодојдените инженери од „Redux“ би можеле да помогнат во развојот на подобар звук.

Технологијата на „Redux“, исто така, може да се користи за креирање гласовни уреди. На конференцијата на „CES Consumer Electronics“ во Лас Вегас оваа недела, „Google“ сериозно ги промовираше своите гласовни уреди кои се натпреваруваат со „Echo“ на „Amazon.com Inc.“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП