3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКинотека: Детското „Кино утро 2018“ почнува со „Мравко“

Кинотека: Детското „Кино утро 2018“ почнува со „Мравко“

Во Кинотеката на Македонија од 9 до 20 јануари, со почеток точно на пладне, ќе бидат прикажани пет филмски остварувања за деца.

Програмата на „Кино утро“ ќе биде отворена на 9 јануари во 12 часот со проекцијата на филмот „Мравко“.

Истиот филм ќе може да се погледне и на 15 јануари. На 10 и на 16 јануари ќе се прикажува филмот „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11 и 17 јануари, „Малите виленици Пикси“, на 12 и 18 јануари, „Мармадјук“ и на 13 и 20 јануари, филмот „Змејска топка 2“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП