27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba конечно се раздели со Westinghouse за 4,6 милијарди долари

Toshiba конечно се раздели со Westinghouse за 4,6 милијарди долари

Катастрофалниот обид на „Toshiba“ за влез во американскиот нуклеарен бизнис, конечно дојде до крај.

Јапонскиот конгломерат ја продаде „Westinghouse“ – проблематичната нуклеарна поделба во САД – за 4,6 милијарди долари на канадската инвестициска компанија „Brookfield Business Partners“, соопштува „CNN Money“, цитирајќи ги компаниите.

„Одлуката за продажба на „Westinghouse“ е добра вест за доверителите, како и за нашата компанија“, соопштија од „Toshiba“.

Падот на „Westinghouse“ ја чини „Toshiba“ околу 6,4 милијарди долари, што ја принуди јапонската компанија да признае дека нејзиното финансиско иднина е во опасност.

Конгломерати се раздели со големи свои средства за да преживее, вклучувајќи и продажба на контролниот пакет акции од својот бизнис со чипови на група инвеститори, меѓу кои е и „Apple“.

Акциите на „Toshiba“ се зголемија за 2% во Токио по договорот за „Westinghouse“.

Продажбата обезбедува нов почеток за „Westinghouse“, која беше принудена да прогласи банкрот минатата година, откако претрпе загуби од милијарди долари од одложувањата и пречекорувањето на планираните трошоци при изградбата на нуклеарни централи во сојузните држави Џорџија и Јужна Каролина.

Во изјавата по повод договорот од четвртокот од „Brookfield“ ја нарекоа „Westinghouse“ – „висококвалитетен бизнис“ и „обележје на американска компанија“.

Инвестициската компанија објави дека договорот ќе се финансира преку комбинација на капитал и долгорочен долг.

„Купувањето ја „потврдува нашата позиција како лидер во глобалната нуклеарна индустрија““, рече извршниот директор на „Westinghouse“, Хозе Еметерио Гутиерез во соопштението.

Се очекува зделката, која треба да биде одобрена од судот за стечај и регулаторите, да биде завршена до крајот на 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП