2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗInfiniti го покажа својот иден дизајн

Infiniti го покажа својот иден дизајн

„Infiniti“ објави слика на концепциски седан наречен „Q Inspiration“. Светската премиера на моделот ќе се одржи на Детроитскиот саем во средината на јануари.

Автомобилот дава идеја за тоа каков ќе биде дизајнерскиот стил на брендот што ќе се користи во нивните идни модели. Ова е првиот прототип на „Infiniti“, создаден под раководство на новиот главен дизајнер Карим Хабиб, кој претходно ја држеше истата позиција во „BMW“.

„Новите автомобили на „Infiniti“ ќе добијат „помускулести“, но сепак избалансирани карактеристики, во кои преовладуваат мазни линии“, рече Хибиб.

Информации за концептот „Q Inspiration“ се уште недостасуваат, но се очекува да стане целосно електричен модел за кој „Infiniti“ најави претходно во оваа година. За моделот се подготвува цела нова шасија, која нема никаква врска со платформата на новата генерација „Nissan Leaf“.

Сериската верзија на електричниот седан треба да биде објавена во 2019-та година. Според некои автомобилски изданија, машината ќе го добие индексот „Q45“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП