11 декември, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНепознат прелистувач успеа да го собори Google во Азија

Непознат прелистувач успеа да го собори Google во Азија

Мобилниот прелистувач, кој ретко се користи на запад, го надмина „Chrome“ на „Google“ на некои од најбрзо растечките азиски пазари, давајќи му на сопственикот „Alibaba Group Holding“ предност во трката меѓу технолошките гиганти, кои се обидуваат да ја привлечат следната генерација интернет корисници.

Стотици милиони корисници во Индија, Индонезија и други пазари во развој, за сурфање за прв пат во мрежата го избираат „UC Browser“, производот на гигантот во електронската трговија „Alibaba“. Тие го претпочитаат пред алтернативите решениеја развиени од американските конкуренти. Корисниците тврдат дека „UC Browser“ работи подобро во земјите каде доминираат поевтините смартфони и послабите мобилни услуги.

„Побрз е, сака помалку меморија и изгледа подобро“ од „Chrome“, тврди Ризки Арки Прасетја, 20-годишен жител на Џакарта, кој неодамна го сменил „Chrome“ со „UC Browser“.

Индија и Индонезија се меѓу последните големи целосно неискористени пазари од гледна точка на интернет корисниците. Само 30% од населението од 1,3 милијарди лица во Индија користат интернет, а само 25% од 260-те милиони индонезијци сурфаат на мрежата, тврди Меѓународниот телекомуникациски сојуз, дел од Организацијата на обединетите нации.

„UC Browser“ кој има над 430 милиони потрошувачи низ целиот свет, опфаќа 51% од индискиот пазар на мобилни прелистувачи во последната година, во споредба со 30% за „Chrome“, тврди компанијата за веб анализи „StatCounter“. Во Индонезија „UC Browser“ го претекна „Chrome“, а тие имаат соодветно 41% и 32% од уделот на пазарот.

„Chrome“ има над 1 милијарда корисници ширум светот според „Google“ и околу 47% удел на пазарот во однос на 16% на „UC Browser“, тврди „StatCounter“. Во САД, „Chrome“ има 39% удел на пазарот, заостанувајќи зад „Safari“ на „Apple“, кој има 52%. „UC Browser“ има под 1% удел на пазарот во САД.

„Chrome“ има поголем удел од „UC Browser“ на некои помали, но брзо растечки азиски пазари, како Филипините и Виетнам, според „StatCounter“.

„UC Browser“, познат со портокаловото логото, е пуштен во 2004-та година. „Chrome“ беше пуштен за персоналните компјутери во 2008-та година.

Портпаролот на „Google“ одби да коментира во врска со ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП