28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAlpina го направи најбрзиот караван во светот (фото)

Alpina го направи најбрзиот караван во светот (фото)

Германската тјунинг компанија „Alpina“ ја претстави новата генерација на „B5 BI-Turbo Touring“. Во неговата основа е генерацијата на „BMW Series 5“ во верзијата „G 30“. Техничките карактеристики на автомобилот го претвораат во „најбрзиот караван во светот“, па тој го надминвува „Mercedes-AMG E 63 S Estate“ во ова рангирање.

Под хаубата на новиот „Alpina B5 BI-Turbo Touring“ е поставен 4,4-литарски V8 со две турбини од моделот „BMW M550i“. Моќта на единицата е зголемена на 608 КС, со што го надминува дури и новиот „M5“ со 600 КС. Моторот е поврзан со 8-степен автоматски менувач.

Карактеристиките на „B5 BI-Turbo Touring“ се извонредни. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,4 секунди, а максималната брзина е 322 км/ч. Досегашниот рекордер кај караваните „Mercedes-AMG E 63 S Estate“ исто забрзуваше до 100 км/ч од место за 3,4 секунди, но брзината му беше 290 км/ч.

Освен тоа „Alpina B5 BI-Turbo Touring G30“ за прв пат во историјата добива одлични задни тркала. Тие се вртат на 2,5 степени и го олеснуваат управувањето. Исто така има и 20-инчни тркала и спортски пневматици „Pirelli P-Zeros“.

Моделот е веќе на пазарот и неговите цени во Велика Британија се познати, па таму најновиот најбрз караван на планетава чини 91.000 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП