19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMarks & Spencer ги продава своите продавници во Хонг Конг и Макао

Marks & Spencer ги продава своите продавници во Хонг Конг и Макао

Британскиот трговец на храна и облека на мало „Marks & Spencer“ (M & S) ги продава продавниците во Хонг Конг и Макао, како дел од реструктуирањето, соопштува „The Guardian“.

Ланецот се разделува со една од клучните не-британски операции. Купувачот е долгогодишен франшизен партнер во регионот – „Al-Futtaim“, за неименуван износ. „Marks & Spencer“ продава 27 продавници, кои ќе го задржат името „M & S“ согласно франшизниот договорот со компанијата базирана во Дубаи. „Al-Futtaim“ ќе биде сопственик на 72 продавници од брендот во Азија и Блискиот Исток.

Овој потег доаѓа помалку од два месеци откако „М & Ѕ“ ги стопираше своите операции во Хонг Конг, како дел од нејзиното реструктуирање со големи размери. Компанијата објави дека затвори 30 продавници во Велика Британија и претвори 45 други во продавници за намирници, а во исто време се намалуваше облеката.

Планот за реструктуирање презентиран од главниот извршен директор Стив Роу вклучува затворање на 53 продавници во загуба на меѓународните пазари, вклучувајќи ги Кина, Франција и Белгија, но оние во Хонг Конг се задржани.

„Ние значително го реформиравме нашиот меѓународен бизнис, кој ја подобрува профитабилноста и не поставува нас кон раст“, вели директорот, Пол Фурстон. „Како еден од водечките оператори на мало во светот со силни логистички способности и локалната експертиза, „Al-Futtaim“ е совршен наш партнер за развојот и растот на бизнисот во Хонг Конг и Макао“, додава тој.

Британскиот меѓународен бизнис претрпе загуба од 43 милиони фунти во минатата година. По договорот со „Al-Futtaim“, последните продавници во сопственост на компанијата остануваат во Ирска и Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП