2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTop 10: Најбрзите SUV модели во светот (фото)

Top 10: Најбрзите SUV модели во светот (фото)

Иако на почетокот не беа замислени како возила со фантастично забрзување, на пазарот има се повеќе „SUV“ модели со перформанси на суперспортски автомобили.

„SUV“ возилата доживеаа неверојатна експанзија во 21-виот век, а актуелните трендови во автомобилската индустрија укажуваат на тоа дека побарувачката на овој вид возила ќе расте и во иднина.

Речиси и да нема производител на автомобили во светот кој во својата гама нема барем еден „SUV“, a на искушението дека со нив дополнително ќе заработат не одолеаа ни брендовите како што се „Bentley“ или „Lamborghini“.

Конкуренцијата е голема и восамиот врв на понудата, каде се наоѓаат модели со високи перформанси кои некогаш беа резервирани исклучиво за суперспортските автомобили.

Интернет страната „Motor1“ состави листа од 10-те најстартни „SUV“ модели на пазарот врз основа на забрзувањето од 0 дo 100 km/h, a на првото место е едно возило со електричен погон.

10. Mercedes-AMG GLA 45: 0-100 km/h зa 4.4 секунди

8-9. Mercedes-AMG GLE 63 S Coupe: 0-100 km/h зa 4.2 секунди

8-9. BMW X6 M: 0-100 km/h зa 4.2 секунди

7. Porsche Cayenne Turbo: 0-100 km/h зa 4.1 секунди

6. Bentley Bentayga: 0-100 km/h зa 4.0 секунди

4-5. Brabus GLE Coupe 850: 0-100 km/h зa 3.8 секунди

4-5. Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio: 0-100 km/h зa 3.8 секунди

3. Lamborghini Urus: 0-100 km/h зa 3.6 секунди

2. Jeep Grand Cherokee Trackhawk: 0-100 km/h зa 3.4 секунди

1. Tesla Model X: 0-100 km/h зa 3.2 секунди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП