28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДоговор кој се чекаше, Uber продаде дел за 9 млрд долари

Договор кој се чекаше, Uber продаде дел за 9 млрд долари

Јапонската „SoftBank“ и инвеститорите преземаа 17,5 проценти од „Uber“ за речиси девет милијарди долари.

Интересно, цената претставува дури 30 процентен дисконт на неодамнешната валуација на „Uber“ тешка 68 милијарди долари.

Цената која „Softbank“ ја плати го проценува „Uber“ на околу 48 милијарди долари. Она што Јапонците беа подготвени да го понудат, прво се чинеше за недоволно, но низата скандали и судски процеси на „Uber“ очигледно ја спуштија вредноста на компанијата во последните неколку месеци.

„SoftBank“ ќе држи околу 15 проценти удел во „Uber“ додека останатите инвеститори (меѓу нив „Dragoneer“, „Tencent“, „TPG“ и „Sequoia“) ќе поседуваат вкупно околу 2,5 проценти.

Договорот е постигнат по повеќемесечните драматични преговори кои дури и меѓусебно ги скараа акционерите на „Uber“. Станува збор за најголемиот инвестициски бизнис во историјата на индустријата со изнајмување на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП