19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗКако се „крши“ автомобил вреден скоро 2 милиони долари (видео)

Како се „крши“ автомобил вреден скоро 2 милиони долари (видео)

Редовните патнички автомобили не можат да добијат дозвола за продажба и движење по патиштата, доколку не ги минат тестовите за безбедност, популарните „crash“ тестови.

Популарноста и пред се вредноста на автомобилот познато е дека знае да зависи од бројот на ѕвездички (максимално 5) кои исто се добиваат на споменатите тестови.

Меѓутоа, дали на овие тестови, на кои се проверува однесувањето на автомобилот во ситуација на жестоки фронтални удари при максимална брзина, минуваат и суперавтомобилите вредни и по неколку милиони долари.

Одговорот на ова прашање ни го даде шведскиот производител на луксузни суперавтомобили „Koenigsegg“ објавувајќи снимка од тестирањето на нивниот модел „Regera“ од 2015-та.

Иако се произведени само 80 примероци од овој автомобил, тој морал да ги мине суровите тестови, па ниту една ставка за безбедноста не била занемарена, па покрај фронталните, страничните и ударите од позади, „Regerа“ е тестиран и на налетување на тротоар и гуми со голема брзина, како и на удари со чекан по каросеријата.

„Koenigsegg“ инаку ова видео го објави по повод одбележувањето на милион следбеници на „Instagram“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП