26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТемните божиќни празници за H&M

Темните божиќни празници за H&M

Додека трговците на мало во САД и поголемиот дел од Европа се радуваат во својата најдобра сезона на пазници, лидерот „H&M“ не сподели радост. Со конкурентите како „Zara“ и „Primark“, кои ги привлекуваат клиентите за себе, синџирот со седиште во Стокхолм на 15-ти декември го објави својот најголем пад во продажбата за еден кварталот најмалку од една деценија. Акциите на компанијата паднаа речиси 15 проценти по објавувањето, бришејќи скоро 6 милијарди долари во пазарна вредност, објави „Блумберг“.

Поразот предизвика ретка исповед од семејната група. „Ние направивме грешки“, рече извршниот директор Карл-Јохан Персон, внук на основачот на „H&M“, за шведската новинска агенција „Direkt“. „H&M“ ќе „работи исклучително напорно за да ги сврти работите“ со исклучување на продавниците со лоша продажба и повторно обликување на поголемиот дел од останатите.

Сепак, проблемите на „H&M“ одат подлабоко – од застарените продавници и слаби онлајн понуди до тежок логистички систем кој не може да им понуди нови стилови на купувачи доволно брзо. Продажбата за четвртиот квартал се намалува за 2% годишно, а растот во 2017-та година е само 3% во однос на целта на компанијата од 10-15%.

Нетрпеливите корисници се откажуваат од „H&M“, бидејќи „доживувањето од купувањето“ – онлајн и од физичките продавници, не одговара на тоа на конкурентите, вели Маргерит ле Ролан, аналитичар во „Euromonitor“ во Лондон.

По падот на акциите, претседателот Стефан Першон, таткото на Главниот извршен директор, купи хартии од вредност. Помеѓу 15-ти и 19-ти декември, тој купил околу 1,2 проценти од вкупните акции на „H&M“, распределувајќи 3,42 милијарди круни (407 милиони долари) и зголемување на семејниот удел на 41,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП