19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилите што ги загубивме во 2017-та (фото)

Автомобилите што ги загубивме во 2017-та (фото)

Ви го предлагаме списокот на автомобили чие производство беше запрено во 2017-та година. Некои од нив беа „пензионирани“ поради старост, додека судбината на другите беше решена поради нискиот интерес од клиентите.

Треба да се напомене дека губењето на еден или друг модел во повеќето од овие случаи е очекувано и предвидено. Автомобилската индустрија не стои во едно место, туку постојано се развива, што одлучува за судбината на постарите машини. Сепак, во оваа група има и изненадувања.

„Audi A3 (3 врати)“

Треба да се напомене дека верзијата на „A3“ со 3 врати беше претставена во средината на 1990-тите. Долго време, овој автомобил постигнуваше голем успех, но во последниве години корисниците се свртеа кон попрактични автомобили. Ова го принуди „Audi“ да го напушти „А3“ со 3 врати и да ги фокусира своите напори за развивање модел со 5-врати.

„BMW Series 6“

Причината за „смртта“ на познатата „BMW Series 8“ е замена со нов модел. Баварците се подготвуваат за претставување на „BMW Series 8“, која ќе ја замени „шестката“. Во исто време, компанијата пред неколку месеци започна со стилски и практичен „Series 6 GT“.

„Citroen C3 Picasso“

Овој практичен компактен „MVP“ дефинитивно стана жртва на кросоверите кои се појавуваат се почесто. Ова го принуди францускиот производител да го замени „Citroen C3 Picasso“, кој се појави во 2009-та година, со популарниот „Citroen C3 Aircross“.

„Citroen C4“

Друг модел на францускиот бренд беше принуден да се пензионира поради желбата на производителот да издаде нешто „повеќе“. Хечбекот „Citroen C4“, европското деби го имаше во 2005-та година, но местото во гамата го отстапи на „Citroen C4 Cactus“.

„Dodge Viper“

Култниот автомобил со V10 мотор, кој ќе им недостига на многу фанови. Причината за неговата „смрт“ е староста. Тој се појави уште во 1992-ра година, а по 25 години стаж тој ја напушти сцената откако се покажа дека не може да се прилагоди на најмодерните мерки за безбедност.

„Ford B-Max“

Друг модел од сегментот на „MVP“, кој го напушти пазарот во 2017-та година, откако стана жртва на „SUV“ моделите. Што е уште поважно, во палетата на „Ford“ е, исто така, компактниот кросовер „Ecosport“. Ова, исто така, доведе до пад на интересот за „Ford B-Max“.

„Honda Civic Tourer“

Компактната „Honda Civic Tourer“ не е достапна на сите пазари. И каде што се продава, неговите резултати беа прилично слаби. На крајот, јапонската компанија одлучи да го напушти овој модел.

„Mercedes-Benz B-Class Electric Drive“

Овој модел си заминува, но неговото место ќе бидат заземено од поголеми и подобри модели на германскиот премиум бренд. Зошто „Mercedes-Benz B-Class Electric Drive“ се покажа како неуспех? Прво, затоа што тоа е  MVP (два пати беше тоа). И второ, неговата надворешност е стара.

„Mercedes-Benz CLS Shooting Brake“

Стилскиот германски караван „Mercedes-Benz CLS Shooting Brake“ излезе пред 5 години и ја одигра улогата на пионер во оваа класа. Факт е дека изгледаше многу поимпресивно од „C-Class“ и „E-Class“, но ова влијаеше на неговата практичност. Исто така, беше доста скап.

„Skoda Yeti“

„Skoda Yeti“ е меѓу најпопуларните модели на оваа листа. Треба да се напомене дека се уште се продава на многу пазари, па дури и се произведува во некои земји. Местото на „Yeti“ во рамки на гамата на Чесите го презеде компактниот кросовер „Karoq“, кој има големи надежи.

„Toyota Auris“

„Toyota Auris“ со пет врати е опремена со дизел мотор, а во 2017-та година напушти голем број пазари низ целиот свет. Причината е слабата побарувачка, што, пак, се должи и на зголемувањето на даноците за такви автомобили во некои земји.

„Volkswagen Scirocco“

Компактниот „Volkswagen Scirocco“ конечно се симна од производната лента пред само два месеци поради нискиот интерес за него. Интересно, компанијата како замена го покажа компактниот кросовер „Volkswagen T-Roc“. „Scirocco“ станува уште еден модел, кој беше „убиен“ од „SUV“ моделите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП