5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Најпрофитабилните компании во светот според бројот на вработени

График на денот: Најпрофитабилните компании во светот според бројот на вработени

Пред само неколку дена, ви ги покажавме компаниите кои оствариле најголем профит во секунда. Според овој индикатор, технолошкиот гигант „Apple“ ја собори целата конкуренција. Компанијата заработува 1.444 долари во секунда – околу 700 долари повеќе од своите најблиски конкуренти, вклучувајќи банки, конгломерати и други технолошки компании.

Но, додека „Apple“ доминира кога времето се користи како мерка, уште едно прашање е како изгледаат работите, гледајќи го профитот наспроти бројот на вработени во компанијата, прашува „VisualCapitalist“.

Објавувањето се однесува на студијата на „Expert Market“, која ги зема податоците за 100-те најпрофитабилни компании во светот од „Fortune Global 500“.

Врз основа на ова, со споредување на заработувачката со бројот на вработени, „Expert Market“ составува листа на 20-те најпрофитабилни компании по вработени.

Додека „Apple“ има профит од 393.853 долари за секој вработен, компанијата е само 7-ма во овој ранг.

Таа е надмината од технолошката компанија „Facebook“ со 599.307 долари по вработен, како и од комбинација на финансиски, биотехнолошки и комунални претпријатија.

Најизненадувачки имиња на листата веројатно се „Fannie Mae“ и „Freddie Mac“. Ова се две државни претпријатија во САД кои купуваат и реструктуираат хипотеки од банките за секундарниот пазар. Во исто време, тие беа дел од најголемиот федерален заем за спас од 187 милијарди долари за време на финансиската криза во 2008-ма година.

Потоа тие беа силно критикувани за создавање на средина за „морална опасност“.

И покрај катастрофата во тоа време, двете организации сега се профитабилни повторно – и толку многу што се рангираат на прво и трето место во рејтингот.

Минатата година „Fannie Mae“ и „Freddie Mac“ објавија профит од 12,3 милијарди долари и 7,8 милијарди долари. И во однос на големината на нивните тимови, тоа значи 1.76 милиони и 1.5 милиони долари по вработен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП