4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Драган Верговски

Изложба на Драган Верговски

Утре во 12.00 часот во галеријата „Борко Лазески“ во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Ликовни записи, акрил, мотиви, од река „Црна“ – „Вардар“ и “ Стоби“ од Драган Верговски – Алпи.

Уметникот ќе се претставува со дела кои се создадени во период од мај до октомври 2017 година.

„Изложбата е посветена на мојот професор Борко Лазески, каде што ги научив ликовните техники. Делата се работени на локалитетот „Стоби“ кој што се наоѓа повеѓу двете најголеми реки во Македонија, Вардар и Црна река. Работени се во слободното време, додека главна преокупација ми беше реставрација и конзервација во крстилницата, на подниот мозаик во античкиот локалитет“, вели авторот.

Драган Верговски Алпи завршил ФЛУ Скопје, во класата на проф. Димитар Кондовски. Пензионер советник конзерватор. Реализирал повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство. Член на ДЛУМ, а долги години работи на конзeрвации на фрескоживописи по македонските цркви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП