26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајуспешните автомобили во Европа за 2017-та

Најуспешните автомобили во Европа за 2017-та

Компанијата „JATO Dynamics“ ја состави листата на Топ 10 најуспешните автомобили во Европа за 2017-та година. Статистиката е за јануари-ноември, покажувајќи раст од 5,2% во споредба со истиот период во 2016-та година. Најголем пораст – 31,9% евидентира сегментот на кросовери, кој има двајца претставници во првите десет.

Првата позиција за 11-те месеци од годината е „Volkswagen Golf“ (на фотографијата), кој продаде 445.206 единици. Германскиот хечбек е апсолутен лидер на пазарите во Австрија, Белгија, Германија, Норвешка и Луксембург, иако неговиот резултат бележи пад за 2%.

Второто место е за „Renault Clio“ со вкупно 298.990 единици. Францускиот модел е најпопуларен во својата татковина, како и во Холандија и Португалија. Веднаш зад него во рагнирањето е „Volkswagen Polo“ со 255.730 продадени примероци. Падот во овој модел е 10,4%, и тој не е бестселер на било кој европски пазар.

„Ford Fiesta“ е рангирана на четвртото место со 237.770 продадени возила и прво место во Велика Британија. Хечбекот, исто така, бележи пад од 14%. Во Топ 5 е вклучен и „Nissan Qashqai“ со 230.860 продажби (+ 7%).

Во Топ 10 се вклучени „Peugeot 208“ – 225.198 продадени возила (-2.4%), „Opel Corsa“ – 221.497 (-0.3%), „Volkswagen Tiguan“ – 218.238 (+ 40.1%), „Škoda Octavia“ – 214.329 (+ 2.5%) и „Opel Astra“ – 204.742 (-11.4%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП