3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманците лути: Amazon продава копии

Германците лути: Amazon продава копии

Германскиот производител на сандали „Birkenstock“ го обвини „Amazon“ дека е соучесник во продажбата на фалсификувани производи бидејќи тоа го толерира на своите продажни сајтови.

„Вистина е дека „Amazon“ има профит од продажбата на фалсификувана стока. Добива провизија од продавачот на кoпиите од оригиналните производи“, изјави директорот на германската компанија Оливер Рајхарт и додаде дека поради тоа „Amazon“ е соучесник.

Тој изјави и дека поради тоа „Birkenstock“ одлучил повеќе да не ги продава своите производи преку „Amazon“ од јануари следната година.

„Amazon“ ги отфрли обвиненијата наведувајќи дека ја забранил продажбата на фалсификувана стока.

„Ги повлекуваме сите производи кои се косат со нашата политика за продажба веднаш штом ќе забележиме и секогаш ги преземаме соодветните мерки кон таквиот продавач“, наведоа од „Amazon“.

Германската компанија, стара 250 години, е позната по исклучително удобните обувки. Нејзините обувки се продаваат во 90 продавници ширум светот како и онлајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП