26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на Nike се зголемува и покрај послабите перформанси во Северна Америка

Продажбата на Nike се зголемува и покрај послабите перформанси во Северна Америка

Продажбата на американскиот производител на спортски стоки „Nike“ бележи постојан раст во последниот квартал. Компанијата го забрзува растот на меѓународните пазари, што и помага да се справи со забавувањето на нејзиниот пазар во Северна Америка, пишува „Financial Times“.

Приходите за кварталот што заврши на 30-ти ноември достигна 8,6 милијарди долари, што е за 5 отсто повеќе од истиот период од минатата година.

Приходите од продажба на најголемиот нејзин пазар – Северна Америка, се намалуваат со 5 отсто на годишно ниво до 3,485 милијарди долари, иако овие на единицата, одговорни за Кина, Хонг Конг, Макао и Тајван, се зголемуваат со 16 отсто до 767 милиони долари, додека приходите во Европа, Средниот Исток и Африка пораснаа за 19 отсто.

Нето добивката се намалува за 9% до 767 милиони долари, а профитот по акција падна за 8% на годишно ниво до 46 центи. Компанијата го припишува ова на намалување на бруто-маржата, пониската даночна стапка и помалиот просечен број на акции.

Аналитичарите очекуваа приходи од продажбата од 8,4 милијарди долари. Нивната прогноза за нето-профит изнесуваше 1,12 милијарди долари или 40 центи по акција.

Бруто-маржата се намали за 120 процентни поени на 43%.

„Nike“ ја потврди својата храбра прогноза од 50 милијарди долари во приходите од продажба што ги очекува во следните пет години. Оваа оптимистичка визија беше објавена во октомври на првата средба со инвеститорите за две години. Компанијата ги отфрли стравувањата дека доминантниот спортски бренд почнува да губи атрактивност.

Во јуни „Nike“ ги објави плановите да скрати 2% од својата работна сила, со цел така да ги преиначи операциите да бидат адекватни на брзото менување на корисничките вкусови. Целта е да се биде чекор понапред од „Adidas“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП