КУЛТУРА

„Под земја полесно се дише“

Мултимедијалниот фестивал „Под земја полесно се дише“ петти пат во Скопје. Иако прогласен за најзагаден град во Европа, Скопје останува еден и единствен избор за реализација на годинашниот фестивал.

Мултимедијалниот фестивал нуди незаборавна вечер и богат репертоар на културно инхалирање свежа продукција од областа на визуелните и музичките уметности од земјава и странство!

Музичката програма традиционално составена од нови и неизбежни музички остварувања од земјава и регионот ја нуди несекојдневната можност да се запознаете со следните бендови:

„Конвој бонтон бајкера“ од Белград, кој користи дисторзија исклучиво на саксофон, пресетот на клавијатурата.

Transhunter од Скопје.
„Светлост“ од Скопје, амбиент џез-трио составено од Нинослав Спировски (кларинет/саксофон), Кристијан Новковски (удиралки) и Дени Омерагиќ (бас/синтисајзер/електроника).

Спектаклот „Шутофонија“ во изведба на Кула колектив.
„Кино ходник“ е новитет во програмата на фестивалот, простор посветен на аудиовизуелните медиуми каде што ќе бидат проектирани експериментални видеа, анимации, краткометражни филмови и сл.

Скопје во соработка со „Под земја“ на 23 декември, сабота, со почеток во 20 часот, ви ја нуди ексклузивната можност да ја проследите изложбата на најновите достигнувања на повеќе автори.