5 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСимфониски концерт за деца во Македонската филхармонија

Симфониски концерт за деца во Македонската филхармонија

Во големата сала на Македонската филхармонија утре (сабота) со почеток во 12 часот ќе се одржи традиционалниот симфониски концерт за деца, овој пат со наслов „Каде се подароците?“.

Диригент е маестро Борјан Цанев, а како аниматор ќе учествува актерот Мартин Јордановски. Ќе бидат изведени композиции од Морис Равел, Јохан Штраус и од Едвард Елгар.

Најмладите ќе имаат можност да уживаат во приказната за едно џуџе, испратено од Дедо Мраз, кое по пат ги загубило подароците што требало да им ги подели на децата. На крајот подароците ќе бидат пронајдени кај 12 мали змејчиња…

Македонската филхармонија на 28 декември ќе го одржи и традиционалниот Новогодишен гала-концерт, под диригентство на Јерухам Шаровски од Израел и Милена Арсовска, сопран, и Иван Наумовски, баритон, како солисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП