23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕволуцијата на М5 верзијата на BMW (видео)

Еволуцијата на М5 верзијата на BMW (видео)

Во средината на септември на саемот во Франкфурт дебитираше најновата, шеста генерација од спортската верзија „BMW Ѕerieѕ 5“, „M5 F90“.

Oд 1985-та година и првата верзија која е рачно изработена врз база на „E28 535i“, „M5“ важи за суверен „крал“ на брзината, чудо на техничката меѓу автомобилите од „Е“ сегментот.

Од година во година „M“ верзијата „Ѕerieѕ 5“ („E34“ од 1989-та, „E39“ од 1998-ма, „E60“ од 2005-та, и „F10“ од 2011-та) заземаа значајно место во автомобилскиот свет, така што предизвикуваа стравопочит и меѓу најголемите конкуретни, како „Mercedes AMG“ дивизијата.

По верзијата „F10“ од почетокот на оваа деценија, која ги разочара љубителите на „M“ верзиите, кои често го опишуваа како безлично луксузно возило со огромен мотор, „BMW“ мораше да ја спаси својата чест.

Резултатот е 120.000+ eвра, 1.855 килограми тежок „ѕвер“ кој има 4,4-литарски „M TwinPower Turbo V8“ мотор кој произведува точно 600 коњски сили (441 kW), со максимален вртежен момент од 750 Nm.

Новиот „BMW M5“ oд 0 дo 100 km/h забрзува за само 3,4 секунди, додека забрзувањето до 200 на час го остварува за 11,1 секунди.

Додека ретките среќници ги чекаат првите испораки закажани за пролетта 2018-та година, погледнете го феноменалната видео еволуција на „BMW M5“ која прикажува неколку интересни факти за овој автомобил продаден во повеќе од 75.000 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП