6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо „Мала станица“ изложба на Ацо Таневски

Во „Мала станица“ изложба на Ацо Таневски

Во објектот „Мала станица“ утре, 22 декември, со почеток во 19 часот. ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Ацо Таневски од Скопје, со наслов „Колекција 88“.

На неа ќе бидат презентирани 40-ина нови дела изработени во ready made техника и истите претставуваат продолжување на циклусот „Приказни од детската соба“ со која уметникот се претстави пред 6 години на публиката во Скопје, Кавадарци и Софија.

Како што сугерира и самиот наслов, делата се всушност изработени од лични колекционерски збирки, акумулирани од неговото детство до денешно време, а лајт- мотивот за овој настан гласи „Приказните продолжуваат…“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП