4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUPS ќе купи 125 камиони на Tesla

UPS ќе купи 125 камиони на Tesla

„United Parcel Service Inc“ објави дека ќе купи 125 примероци од електричните камиони на американскиот концерн „Tesla Inc“. Тоа е најголемиот одреден договор за камионите досега, бидејќи компанијата за испорака ја проширува својата флота на возила со алтернативно гориво, пренесува „Ројтерс“.

„Tesla“ се обидува да ја убеди транспортната индустрија дека може да создаде достапен електричен камион кој ќе се натпреварува со релативно евтините дизел модели. Раните нарачки ја одразуваат неизвесноста околу тоа како ќе се развива пазарот за масовно произведените електрични камиони.

Нарачката на „UPS“ ги следи чекорите на над 10 компании, како што се „Wal-Mart Stores“, „J.B. Hunt Transport Services“, „Sysco“ и „PepsiCo.“. Токму производителот на безалкохолни пијалоци ја направи претходната најголема нарачка – 100 од новите камиони „Tesla Semi“.

До денес, според истражувањето на „Ројтерс“, биле нарачани 267 камиони на „Tesla“.

„Tesla“ ги претстави камионите минатиот месец и се очекува тие да чинат до 200.000 долари, додека нов камион со дизел мотор може да биде купен за 120.000 долари.

„UPS“ истакнува дека и се обезбедени на „Tesla“ податоци за тоа како функционираат нејзините камиони за да процени производителот како точно треба да изгледа возилото за компанијата.

„Како и кај сите други почетни технологии за нашата флота, сакаме да сме сигурни дека и тие ќе се успешни“, вели Скот Филипи, виш директор на „UPS“ за одржување и инженеринг на автомобилите за меѓународни операции.

Филипи вели дека 125-те камиони ќе му дозволат на „UPS“ да направи соодветен тест за нивните квалитети. Тој појаснува дека компанијата сè уште ги определува патиштата по кои ќе ги користи, но испораката ќе биде „главно за САД“. „Tesla“ ќе обезбеди советување и поддршка за инфраструктурата за полнењето.

„Имаме големи очекувања и сме многу оптимисти дека ова ќе биде добар производ и ќе има цврста поддршка од „Tesla“, за да може да функционира“, вели уште Филипи.

Флотата на алтернативно гориво на „UPS“ веќе вклучува камиони кои се напојуваат со електрична енергија, природен гас, пропан и други нетрадиционални горива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП