4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХуманитарна изведба на „Синиот портокал“ на велешкиот театар

Хуманитарна изведба на „Синиот портокал“ на велешкиот театар

Театарот „Јордан Х.К-Џинот“ в петок, 22 декември, со почеток во 20 часот хуманитарно ќе ја изведе претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол во режија на Александар Ивановски, со актерите Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски.

Со изведбата на претставата велешкиот театар го поддржува проектот „Гуш и Бац“.

Имено, средствата собрани од продажбата на билетите за претставата ќе бидат наменети за реедукација (дефектолог, логопед и сензорна терапија) на деца со аутизам чии родители имаат потешкотии да го обезбедат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП