28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВо џинот е спасот!

Во џинот е спасот!

Ако ве мачи варењето, само една чашка од овој пијалок може да ви го реши проблемот.

Џинот, луѓето или го сакаат или не можат ниту да го помирисаат. Ако покрај тоа имате и вишок килограми и метаболизмот ви е бавен, алкохолот е веројатно последното нешто што ви паѓа на памет како можно решение.

Но, истражувањето спроведено на Универзитетот Сугулда во Литванија покажа дека џинот може да ги олесни проблемите со варењето, но и малку да ја забрза потрошувачка на калории.

Во текот на експериментот, научниците глувците ги поделиле во две групи, една група од глувците пиела вода, а другата добивала и малку џин, а потоа била мерена потрошувачката накалории.

Излегло дека на глувците кои пиеле малку џин метаболизмот им се забрзал за 17 проценти, додека оние кои биле „на вода“ немале промени во метаболизмот.

„Консумацијата на џин значително го забрзува метаболизмот, што укажува на можноста овој алкохолен пијалок да го поттикнува слабеењето“, вели авторот на студијата д-р. Тиса Лисаид.

Ок, истражувањето нависнина е направено на глувци, но повеќето се така направени, а и признајте дека малку џин нема да ви наштети, туку напротив, а всушност имате и „научно оправдание“ за ова уживање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП