11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOсновачот на Colopl е еден од најмладите милијардери

Oсновачот на Colopl е еден од најмладите милијардери

Baba_TechinAsia

За разлика од бизнис потегот на Марк Цукерберг кој минатата година со „Facebook“ се најде на берзата и каде што не помина така добро, има некој на кого тој потег исклучително му се покажа како профитабилен.

Нарацу Баба е 35-годишниот основач на јапонскиот производител на игри за паметни телефони „Colopl“. Тој  ја доби титулата еден од најмладите милијардери во светот откако цената на акцијата на неговата компанија порасна за седум пати откога во декември се појави на берзата.

Токискиот производител на игрите како што се „Catastrophic Zombies“ и „Kuma’s Digging Adventure“ поседува 69 проценти од компанијата чија вредност изнесува околу 2.2 милијарди долари.

Досега Баба се нема појавувано на бројните листи на милијардери, а неговиот план е „Colopl“ кој е основан во 2008-та година, да изработува по 30 игри во текот на 12 месеци. Инаку досега пет негови наслови се имаат најдено на листите на најпопуларни игри кои се направени за оперативниот систем Андроид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП