10 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКраткометражниот филм „Види ја ти неа“ на Горан Столевски во селекција на...

Краткометражниот филм „Види ја ти неа“ на Горан Столевски во селекција на два престижни фестивала

Краткометражниот филм „Види ја ти неа“, во режија на Горан Столевски, влезе во официјалната програма на најпрестижниот фестивал посветен на краткиот филм кој се одржува во Клермон – Феран во Франција.

Претходно, филмот влезе во селекција во интернационалната компетиција на Филмскиот фестивал „Санденс“.

„Види ја ти неа“ ќе има осум проекции во рамките на 40. Клермон – Феран ИФКФ, кој ќе се одржи во периодот од 2 до 10 февруари 2018 година. Термините за прикажување ќе бидат официјално објавени на веб-страницата на Фестивалот на почетокот на јануари в година.

„Види ја ти неа“ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици.

Горан Столевски е млад режисер роден во Македонија. Дипломирал на универзитетот во Мелбурн, а завршил филмска и телевизиска режија на Викторијанскиот колеџ за уметности во Мелбурн. Живее и работи на релација Австралија-Велика Британија.

Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Пируника Киселички, Жарко Јовановиќ, Антонија Белазелкоска, Иво Антов, Виктор Арсов, Игор Ангелов, Симон Манасковски, Изабела Новотни, Милица Стојанова и Горан Илиќ.

Филмот е на „Црна мачка продукција“, копродукција со „Скопје филм студио, а финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП