23 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзбрани дела во десет книги од Стојан Андов

Избрани дела во десет книги од Стојан Андов

Во првата половина на календарската 2018 година „Матица македонска“ од Скопје ќе објави Избрани дела во десет книги од познатиот политичар, колумнист, публицист и писател Стојан Андов, прв претседател на Собранието на Република Македонија.

Во колекцијата се застапени делата: „На мој начин“, „Источни патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Враќањето на Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“, „Приказната за Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992 година на опасни ризици“ и „Успеси и заговори 1993 година“.

Стојан Андов (Кавадарци, 1935 година) е автор на  мемоарски, публицистички и литературни дела, кои предизвикаа љубопитство кај критички настроените проследувачи на нашите историски, политички, општествени и литературни збиднувања. Неговиот начин на соопштување и коментирање на темите, настаните и личностите е отворен и концизен, длабоко осмислен, со уверливи и силни пораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП