24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗапочнаа нарачките на Volkswagen Up! GTI (фото+видео)

Започнаа нарачките на Volkswagen Up! GTI (фото+видео)

Малите градски автомобили опремени со моќни мотори секогаш имале посебен шарм, особено меѓу младата популација. Токму на таа карта играше „Volkswagen“ кога ја претстави концептната верзија на возилото „Up! GTI“.

Во меѓувреме, германскиот производител започна со претпродажба на својот мал спортски модел на домашниот пазар, каде „Up! GTI“ чини околу 7.000 eвра повеќе од основната верзија на овој автомобил и околу 1.100 eвра помалку од најевтиниот „Golf“.

„Volkswagen“ малиот „GTI“ го опреми со 1.0-литарски „TSI“ турбо бензинец со 115 ks и 200 Nm максимален вртежен момент. Автомобилот од 0 дo 100 km/h стигнува за 8,8 секунди и развива максимална брзина од 196 km/h.

Просечната потрошувачка изнесува 5,6-5,7 l/100 km, мерено со новата едноставна постапка за тестирање на лесни возила (WLTP – Worldwide Harmonized Light Duty Test Procedures) на потрошувачка на гориво и циклусот на емисија, кој стапи на сила во септември 2017-та.

На надворешноста на автомобило се видливи детали кои традиционално ги поврзуваат автомобилите на „Volkswagen“ со ознаката „GTI“, како црвените украсни лајсни на маската на ладилникот, додека самата маска има решетка во вид на пчелично саќе. Во кабината се типичните карирани седишта во ретро стил.

„Up! GTI“ е поставен на 17 инчни алуминиумски бандажи, а тежиштето на возилот е пониско за 15мм во однос на стандардната верзија на овој модел. Во впечатокот дека станува збор за спортски автомобил допринесува и малиот спојлер на покривот.

Покрај традиционалната бело-црвена нијанса, кои се класични „GTI“ бои, спортскиот „Up!“ може да се нарача и во темно сребрена и бисерно црна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП