2 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОMaлуда заработи 4 милиони фунти без мака

Maлуда заработи 4 милиони фунти без мака

maluda

Точно пред една година Флоран Малуда го славeше со Челзи триумфот во Лигата на Шампионите. Тој беше резерва при победата на пенали над Баерн Минхен, а иронично е што тоа беше и последниот негов натпревар за „сините“.

Офанзивниот играч влезе во конфликт со веќе поранешниот менаџер Роберто ди Матео и во последната година тренира сам во изолација во клупската база или со адолесцентите до 18 и до 21 години. Сепак Малуда заработува по 80.000 фунти неделно, без да се поти многу-многу.

Па така за последната година тој на своето конто доби над 4 милиони фунти, иако нема ниту еден одигран натпревар за „сините“ во оваа сезона. Единствениот проблем со кој Малуда ќе се соочи е дека ќе мора да почека со летните одмори. Неговиот договор со Челзи истекува на 30 јуни и од клубот се категорични дека до тој датум Малуда треба да тренира индивидуално, без разлика дали другите играчи од првиот тим ќе бидат пуштени на одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар