4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДва романа од Божин Павловски издадени на англиски јазик

Два романа од Божин Павловски издадени на англиски јазик

Во издание на „Грифим прес“ и „АЕА издавачи“ од Мелбурн, со поддршка на Националната библиотека на Австралија на англиски јазик излегоа од печат романите „Зима во лето“ и „Америка, Америка“ од познатиот македонски писател Божин Павловски. Делата се во превод на Џим Томев и Елена Чијаварела. Уредник и редактор на изданијата е Бредли Доусон, а дизајнот го направи ликовниот уметник Џеки Линч.

Божин Павлосвки е автор на деветнаесет романи, високо вреднувани од страна на литературната критика. Негови дела се преведени на: англиски, грчки, полски, украински, турски, албански, српски, словенечки, бугарски, руски, француски, чешки, италијански и други јазици. Добитник е на национални и меѓународни признанија, меѓу кои на државната награда „11 Октомври“ за животно дело и Интебалканската награда на Солун, Република Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП